Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Вечерва се игра англиско финале во Лигата на шампиони (ЛШ), а може да се каже дека во последниот меч од сезоната ќе се соочат два квалитетни тимови.
Пеп Гвардиола има одлична сезона со Манчестер сити, каде што стигна во 2016 година, а притоа освои многу трофеи. Сепак, му недостига титулата во ЛШ, а сега има шанси да ја освои.
Гвардиола со „лажни деветки“ го реши проблемот со напаѓачите, па Кевин де Брајне, Рахим Стерлинг, Феран Торес, Ријад Марез и дурги играа како напаѓачи.
Од друга страна, приказната е сосема различна. Роман Абрамович купи скапи засилувања, но Франк Лампард немаше среќа и за малку ќе ја уништеше сезоната, сепак пристигна Томас Тухел, кој може да ја спаси.
Тухел го избркаа од ПСЖ откако минатата година го донесе тимот до финале во ЛШ, а без него тие ја загубија титулата во Франција, додека Германецот го препороди Челси.
Тухел сега втора година по ред игра финале во ЛШ, а Челси се надева на реприза од 2012 година, само тогаш спасител им беше Роберто Ди Матео.