Барселона му нуди 240 милиони евра на Меси, договор на 10 години и настап за друг тим!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот претседател Жоан Лапорта планира да му го продолжи договорот на Лионел Меси. Аргентинецот пред почетокот на минатата сезона сакаше да замине од клубот, но Жозеп Бартомеу го спречи во намерата.

Со промена на претседателот на клубот се појавија и шпекулации дека Меси ќе остане, а пред неколку дена се појавија информации за спектакуларен и необичен договор кој му го нуди Барселона.

Барселона е подготвена да му понуди 10-годишен договор на Меси вреден 240 милиони евра, па првите две години од договорот би ги минал во Барселона.

Потоа две години би работел како амбасадор на Барселона во МЛС-лигата, односно во друг тим. А на крајот Меси ќе се врати во Каталонија и ќе добие некаква функција во екипата.