Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонските фудбалери денеска триумфираа со 4-0 против Казахстан на последниот пријателски натпревар пред настапот на Европското првенство (ЕП).
Езгјан Алиоски ѝ донесе водство на Македонија во 35. минута од мечот, по што Казахстан си направи проблеми откако остана со играч помалку поради црвениот карто на Мужиков.
Во второто полувреме Тричковски зголеми на 2-0, додека Ристовски и Чурлинов постигнаа деби голови за Македонија од 74. до 76. минута за триумф од 4-0.
Македонија го почнува ЕП на 13 јуни против Австрија, по што четири дена подоцна игра против Украина, додека последниот дуел од групната фаза е закажан со Холандија.
ФОТО: ФФМ