Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди конечно доби негативен тест на ковид-19 и се врати во селекцијата на Македонија, а притоа испрати порака преку социјалните мрежи до јавноста.
Барди имаше контакт со заразени фудбалери во Леванте, па откако се врати и тој доби позитивен тест поради кој мораше да биде во самоизолација, но сега се враќа во составот за Европското првенство (ЕП).
„Ви благодарам за сите пораки и поддршка што ми ја давате деновиве. Се чувствувам одлично и ќе се видиме за многу брзо на Европско. Ви благодарам на сите“, напиша Барди.
Македонија ќе дебитира на ЕП на 13 јуни против Австрија од 18 часот.