Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан замина од Реал Мадрид и реши да открие што се случувало во шпанскиот гигант, а притоа преку писмо го нападна Флорентино Перез и неговите соработници.
„Кралевите“ се бесни поради тоа што Зидан ги нападнал, а притоа во своето писмо не кажал дека Реал му простил казна од 10 милиони евра.
Зидан сезонава не успеа да го однесе Реал до трофеј, а потоа одби да ја продолжи соработката според нови правила.
Полека стануваше јасно дека Зидан ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ поради тоа што не се сложува со управата за парите со кои ќе располага.
Меѓутоа, досега не беше познато дека Зидан има клаузула според која не смее да даде отказ, а доколку го направи тоа, тогаш ќе мора да плати 10 милиони евра како казна.
„Кралевите“ решиле да не му наплатат толку многу пари, но не очекуваа Французинот да излезе во јавност со изјава против тимот и Перез.