Мејведер и Логан се истепаа, немаше победник, ама имаше многу удари! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Логан Пол мина низ осум рунди против Флојд Мејведер, еден од најдобрите боксери, а оваа борба се покажа како полн погодок затоа што имаше голема заработка.

Пол беше тој кој напаѓаше повеќе во текот на борбата, но Мејведер знаеше како паметно да удри и не трошеше премногу енергија.

Мејведер можеше и да го нокаутира ривалот, но 44-годишниот боксер остана смирен и не сакаше ништо да ризикува.

На крајот немаше победник, а тоа беше и логично затоа што борбата не ја оценуваа судии, но првите реакции се како тоа да било борба меѓу маж и дете.

Имаше и критики на сметка на боксерот затоа што многу фанови очекуваа да го нокаутира аматерот, што сепак на крајот не реши да го направи.

Пол испратил 217 удари, од кои погоди само 28 пати, додека искусниот боксер испраи 107 удари и погоди 47 пати.