Перез ја повлече понудата, но Рамос има три други, а една од нив ќе ги изненади сите!

Серхио Рамос не доби понуда од Реал Мадрид затоа што се создадоа тензии во соблекувалната на клубот. Тој најави побуна поради најавеното намалување на платите поради пандемијата.

Рамос сега е слободен фудбалер и има неколку понуди. Наводно ПСЖ не ја дефинирал својата, а се шпекулира дека двата тима од Манчестер преговараат со капитенот на Реал.

Многу би им значел и на едните и на другите, но нема да му ги исполнат желбите, односно да му понудат 11 милиони евра годишно и договор на повеќе сезони.

Сепак, по 17 години, Рамос би можел да се врати дома во Севиља. Во 2005 година Флорентино Перез ја плати клаузулата и го купи дефанзивецот, но сега Рамос би можел да потпише и за тимот од Андалузија.

Ако се согласи, тогаш Севиља ќе ја наполни касата со продажба на Кунде во Арсенал, па ќе може да му понуди добар договор на Рамос.