Димитријевиќ: Напорната работа ме донесе таму каде што треба да бидам!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ потпиша четиригодишен договор со Валенсија, па вчера беше промовиран во екипата преку социјалните мрежи.

Димитријевиќ преку неговиот профил на Твитер испрати порака по потписот за Валенсија и кажа дека е пресреќен поради новиот тим.

„Напорната работа, жртвата, болката, омразата, сомнежот и љубовта се тоа што ме донесе таму каде што сакам да бидам. Среќен сум што заминувам во Валенсија и возбуден за новата сезона“, напиша Димитријевиќ.

Димитријевиќ сезоната ја заврши со 10,6 поени, 1,5 скокови и 3,6 асистенции во просек во шпанската лига.