Меси ќе остане во Барселона за – огромна плата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Барселона, Лионел Меси е подготвен да остане на „Камп Ноу“, како што објавија голем број европски медиуми.

Аргентинецот го известил претседателот на клубот, Жоан Лапорта дека ќе прифати понуда за продолжување на соработката вредна дури 35 милиони евра по сезона.

Овој 34-годишен фудбалер има договор до крајот на јуни, а наскоро треба да потпише нова соработка која ќе важи до крајот на сезоната 2022/23 и притоа ќе добие 70 милиони евра.

Одличниот аргентински репрезентативец по завршување на договорот треба да замине во МЛС-лигата, а потоа да се врати во Барселона и да добие некоја функција во каталонскиот гигант.

Аргентинецот во 2000 година стигна во Барселона, а за првиот тим дебитираше четири години подоцна, додека минатата сезона постигна 38 голови и 14 асистенции во 47 меча.