Адеми: Горд сум што игравме со Македонија на ЕП!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Македонија беше дел од Европското првенство (ЕП), каде што го заврши настапот по три порази во групната фаза, но македонските фудбалери ја направија цела нација горда затоа што ја претставуваше на големото натпреварување.

Фудбалерот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми замина за Хрватска, каде што во интервју за медиумите раскажа какво искуство му било ЕП.

„Горд сум што Македонија играше на ЕП. Среќен сум поради настапот, но во исто време и жалам зашто не направивме ништо посериозно. Во некои ситуации ни недостигаше и среќа“, вели Адеми.

Адеми доби прашање и за пензионирањето на Горан Пандев од репрезентативниот дрес.

„Пандев ќе ни недостига на сите. Неговото заминување беше емотивно за мене, но и за сите останати во репрезентацијата на Македонија“, кажа Адеми.