Андонова потпиша нов договор со Леванте

Македонската фудбалерка Наташа Андонова ќе остане во Леванте барем уште една година откако потпиша нов договор.

Андонова беше една од најдобрите фудбалерки на тимот од Валенсија, а во минатата сезона постигна седум голови и три асистенции, па си заработи нов договор.

Леванте минатата сезона заврши на третата позиција во шпанскиот шампионат, а Андонова се надева дека следната сезона ќе бидат уште подобри.

„Среќна сум што останувам во екипата. Верувам во овие девојки дека следната сезона можеме да бидеме подобри“, вели Андонова.