„Младите играчи се суштината на Манчестер Јунајтед“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед е клуб чија основа е да пружа шанси на младите играчи, смета Сер Алекс Фергусон.

    Зборувајќи на вечервата по повод 60-годишницата од дебито на Сер Боби Чартлон за Црвените Ѓаволи, Фергусон потсети дека младите таленти отсекогаш претставуваат посебен дух на клубот.

    „Суштината на Манчестер Јунајтед, без сомнение, е давање на шанси на младите луѓе во клубот.

    Кога дојдов во Манчестер, Боби сакаше да го повтори рецептот од ерата на Мет Бази, кога во првиот тим дојдоа играчи кои што освоија пет младински ФА Купови.

    Боби Чартлон веруваше во тоа, и тоа е она што и јас го пробував.

    Кога ќе погледнам наназад, остварувавме одлични резултати“, рече Фергусон.