Трагичарот Мбапе се извини: Жал ми е, сакав да помогнам, ова ќе биде тешка ноќ…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Франција и Швајцарија одиграа одличен натпревар во осминафиналето на Европското првенство (ЕП), а во следното коло се пласираше швајцарската фудбалска репрезентација по пенали.

Швајцарија најпрво водеше со 1-0, па Франција направи пресврт со 3-1, по што следеше израмнување и пенали на кои трагичар беше Килијан Мбапе.

Мбапе промаши пенал и тоа значеше крај на ЕП за неговата репрезентација, по што францускиот напаѓач се извини преку социјалните мрежи.

„Жал ми е поради пеналот. Сакав да помогнам, но не успеав. Ова ќе биде тешка но, но за жал се случуваат вакви работи во спортот кој го сакам. Навивачи, знам дека сте разочарани, но би сакал да ви се заблагодарам на поддршката и тоа што верувавте во нас“, кажа Мбапе.