Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона без отштета по 21 година мината на „Камп Ноу“ бидејќи неговиот договор завршува вечерва во 12 часот.
Овој 34-годишен фудбалер постигна 672 голови и запиша 305 асистенции на 778 натпревари, па тој е еден од најдобрите играчи во историјата на Барселона.
Меси уште минатата сезона побара да замине од клубот бидејќи беше разочаран поради односот на поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу, кој не му дозволи да го напушти тимот.
Во меѓувреме, клубот го презема Жоан Лапорта, кој се обидува да му го продолжи договорот на аргентинскиот репрезентативец, а најголем проблем е платата на Меси, која во моментов е преголема за Каталонците, кои се наоѓаат во финансиска криза.
Освен тоа, Меси сака гаранција дека Барселона ќе вложи пари во тимот за да може следната сезона да ги нападнат сите титули.