Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед официјално потврди дека го купи Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, откако пред неколку дена се појавија шпекулации дека клубот веќе се договорил со англискиот репрезентативец.
„Црвените ѓаволи“ потврдија дека договор со Санчо ќе потпишат по крајот на Европското првенство (ЕП), а за неговите услуги ќе мора да ѝ исплатат 85 милиони фунти на Борусија Дортмунд.
Дортмунд продолжува со продажба на своите фудбалери и тоа по скапи цени, а останува да видиме дали следен на листата за продажба ќе биде Ерлинг Халанд за кого се заинтересирани многу европски гиганти.
𝗛𝗲𝗮𝗱𝘀 𝘂𝗽.
— Manchester United (@ManUtd) July 1, 2021
We have agreed a deal in principle for the transfer of Jadon Sancho to United! 🔴⚪⚫#MUFC