Бомба во Франција: Рамос се сели во ПСЖ


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Еден од најдобрите дефанзивци во светот, Серхио Рамос го напушти Реал Мадрид и наводно потпишал договор со ПСЖ.

Шпанецот наскоро ќе биде промовиран во францускиот гигант, а на „Паркот на принцовите“ ќе пристигне како слободен фудбалер, по заминувањето од Реал.

Останаа само медицинските прегледи, кои ќе ги изврши во следните денови бидејќи беше договорен двегодишен договор.

На крајот на јуни Рамос остана без договор со „кралевите“, а претходно и самиот кажа дека си заминува затоа што не можел да се договори со Флорентино Перез за нова соработка.

Нема никаква дилема дека тимот на Маурицио Покетино доби големо засилување во одбраната и следната сезона ќе биде еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампиони.