До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити игра одлично откако шпанскиот стручнак Пеп Гвардиола стигна на кормилото на Граѓаните.
Дека е така, зборува и актот дека токму Сити оствари максимален учинок во Премиер лигата во оваа сезона.
Вчерашната победа против Свонси во гости (1:3), беше шеста по ред за Пеп Гвардиола и неговите избраници во првенството, со што Шпанецот се израмни со учинокот на Карло Анчелоти, кој ист имаше уште од 2009 година кога го водеше Челси.
Моментално, Гвардиола го стигна Италијанецот, а шанса да го надмине неговиоит рекорд ќе има веќе во наредното коло, кога Сити игра во гости против екипаа на Тотенхем.
Манчестер Сити моментално е лидер во англиската Премиер лига со 18 освоени бодови.















