Фјури ги загрижи сите: Размислував да си го одземам животот по победата против Вајлдер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер ќе се борат на 24 јули за појасот во ВБЦ-конкуренција, односно тешка категорија.

Фјури за првпат ќе го брани појасот против Вајлдер, кој успеа со тужба да се избори за нов меч и да ја запре пресметката за апсолутен шампион на светот меѓу Фјури и Ентони Џошуа.

Британскиот боксер пред мечот имаше шокантно признание. Тој кажа дека по победата против Вајлдер сакал да си го одземе животот.

„Откако ќе достигнам огромна висина, нешто секогаш ме спушта долу. Кога го победив Вајлдер, дојдов дома и 10 дена размислував како да си го одземам животот. За мене тоа беше тежок период и ми требаа две недели за да го надминам. Им се случува такво нешто на лица кои имаат психички проблеми како што сум јас“, кажа Фјури.