Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико Мадрид и Барселона подготвуваат размена на фудбалери.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Атлетико е подготвен да го врати Антоан Гризман во свои редови, а во Барселона како замена да го испрати Саул Нигез.
Шпанскиот медиум ја објави оваа вест како есклузивна на насловната страна и тоа дополнително ги активираше шпекулациите за заминувањето на Гризман од Барселона.
Нигез е голема желба на Роналд Куман, а има откупна клаузула од дури 150 милиони евра и затоа Каталонците со размена се обидуваат да го добијат фудбалерот.
Со оглед на тоа дека падна цената на Гризман, постои можност Атлетико да побара дополнителни пари, но тешко дека ќе ги добие затоа што Барселона се наоѓа во финансиска криза.
Гризман во Барселона дојде во 2019 година од Атлетико, но не ги оправда очекувањата и затоа сега се планира негово заминување од тимот.