Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токио е во големи проблеми на четири дена пред церемонијата за почетокот на Олимписките игри. Според последните информации од Јапонија, двајца спортисти биле позитивни на ковид-19, а во моментов престојуваат во Олимпиското село.
Ова се првите случаи на ковид-19 меѓу спортистите, откако вчера беше позитивен еден тренер од Чешка.
Во Јапонија се загрижени пред почетокот на Олимписките игри, чија церемонија е закажана за петок, односно 23 јули.
Засега не се објавени имињата на спортистите, но јапонските власти го запалиле алармот и будно ќе се следи ситуацијата.
Жителите на Јапонија во претходните два месеци со мирни протести бараа ново одложување на Олимписките игри или нивно откажување, но Меѓународниот олимписки комитет (МОК) не се согласи со нивното барање.