Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед откако потпиша договор до 2026 година.
Санчо доаѓа од Борусија Дортмунд за која во Германија постигна 50 голови и 64 асистенции во четири сезони во Бундеслигата.
„Секогаш ќе бидам благодарен затоа што Дортмун ми даде шанса да играм фудбал на професионално ниво, иако знаев дека ќе се вратам во Англија. Ова е млада и возбудлива екипа и знам дека може да се развиеме во нешто посебно што ќе им донесе успех на навивачите на Манчестер јунајтед“, вели Санчо.
This is his home.
— Manchester United (@ManUtd) July 23, 2021
This is where he belongs.
Jadon Sancho is 𝗨𝗡𝗜𝗧𝗘𝗗.#MUFC x @Sanchooo10 pic.twitter.com/LAIBn7ie7V