До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во мечот од шестото коло од Серија А меѓу Фиорентина и Милан немаше победник.
Виолетовите ги угости Росонерите, беше подобар ривал во текот на поголемиот дел од дуелот, но избраниците на Паоло Соуза тоа не успееја да го матерализираат.
На крајот остана 0:0, а главен виновник за таквиот резултат е словенскиот играч за врска Јосип Иличиќ кој пропушти кардинална шанса на средината на првото полувреме.
Иличиќ промаши пенал после прекршокот на Калабрија.
Фиорентина ја контролираше играта на својот стадион, но Милан имаше и конкретни шанси во продолжението на мечот.
Прво една контра ја запре српскиот интернационалец Томовиќ, а потоа и Татурашану беше на висината на задачата во два наврати.
Домаќините пробуваа преку Калиниќ и Бернандески, но нивните обиди воглавно не беа претерано опасни по голот на младиот Донарума.
На највисоко искушение младиот Италијанец беше во 66 минута, кога одлично го одбрани ударот на Борха Валеро.
Во 80 минута солидна шанса за домаќините имаше хрватскиот интернационалец Калиниќ, но неговиот удар го изблокира повторно Донарума.
А во 95 минута Луис Адријано побегна во контра, а во дуелот лизгачки старт од позади направи Томовиќ, а судијата многу дискутабилната ситуација ја процени како чиста. Играчите на Милан полудеа.
После ова реми Милан е шести со 10 освоени бода, додека екипата од Фиренц со осум бода на 11 место на табелата од Серија А.
Утре на програмата се и последните дуели од шестото коло, од 19 часот играат Кротоне и Аталанта, додека два часа подоцна Каљари и Сампдорија.















