Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очигледно Челси е решен да потроши многу пари за напаѓач, а Роман Абрамович тргна по потписот на Ромелу Лукаку од Интер.
Интер не сака да го продаде одличниот напаѓач, но понуда од 130 милиони евра, меѓу кои и вклучените фудбалерите би го натерале италијанскиот тим да се раздели од Белгиецот.
Првата понуда на Челси е 100 милиони евра, а оставен е простор и за дополнителни 30 милиони, кои ќе му бидат потребни на Интер за да ги пополни финансиските дупки во буџетот.
Италијанските медиуми веднаш пишуваат дека Интер ќе тргне по потписот на Запата од Аталанта, кој ќе треба да го замени Лукаку во нападот, а исто така тој ќе чини многу помалку отколку што ќе биде продаден Белгиецот во Челси.