До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
ПСЖ не почна очекувано во новата сезона, и веќе има заостанување во францускиот шампионат.
Покрај тоа, ремизираше на стартот на Лигата на шампионите со Арсенал во Париз.
Навивачите се незадоволни, а Унаи Емери уште се адаптира на Франција.
Сепак, се чини дека богатите сопственици веќе во јануари тргнуваат во акција. Имено, медиумите јавуваат дека на мета на францускиот шампион се двајца ветерани – Јаја Туре и Бастијан Швајнштајгер.
Играчите за врска на манчестерските ривали се во втор план од доаѓањето на Пеп Гвардиола, односно Жозе Мурињо. Сигурно е дека на зима ќе ја променат средината, а се чини дека ПСЖ многу загриза за нивните услуги.
Јануари е блиску, а до тогаш ни останува да сочекаме и да видиме дали се ова и ќе се обистини…















