Одби да се врати дома, тврди дека ѝ е загрозен животот: Белорусинка бара азил во Полска!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја планира да побара азил во Полска, по тврдењето дека од Олимпискиот комитет на Белорусија се обиделе да ја вратат на сила во татковината.

Кристина во понеделник требаше да учествува на трката на 200 метри, но ги критикуваше членовите на белорускиот олимписки комитет на својот профил на Инстаграм.

Таа пред спорниот лет се јавила во јапонската полиција, која ѝ помогнала да не се качи во авионот кој требало да ја врати во Белорусија.

Полска и Чешка понудиле помош, а Министерството за надворешни работи на Јапонија соопшти дека е во контакт со Меѓународниот олимписки комитет (МОК), како и организаторите на игрите во Токио.

Белорускиот олимписки комитет веќе 25 години го предводат претседателот Александер Лукашенко и неговиот син Виктор.