Хамилтон: Проблемите со моето здравје се најверојатно поради ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе ја брани титулата и оваа сезона, но на последната трка во Унгарија имаше некои здравствени проблеми кои можеа да се забележат.

Хамилтон го освои второто место во Унгарија, по дисквалификацијата на Фетел, а тоа му помогна да го преземе првото место во генералниот пласман и сега е пред Макс Ферстапен.

Возачот на Мерцедес вели дека неговата лоша здравствена состојба е поради ковид-19 со кој се заразил во декември.

„Имам проблеми со здравјето и се плашам дека тоа е поради последица од ковид-19“, кажа Хамилтон по трката во Унгарија.