Габигол објасни зошто дојде во Интер, а не во Јувентус


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Еден од најталентираните бразилски играчи Габриел Барбоса се одлучи својата кариера да ја продолжи во дресот на Интер.

    Овој 20-годишен фудбалер во ова лето стигна од Сантос во Интер иако имаше многубројни понуди од цела Европа.

    Иако се чинеше дека својата кариера ќе ја продолжи во Јувентус на крајот Габигол се одлучи за Интер, и објасни зошто.

    „Ми го претставија проектот кој ми се допаѓаше. Во ова лето доведоа доста засилувања и ова е силен клуб. Поради тоа се одлучив да дојдам во овој клуб. Има доста одлични играчи како Кандрева, Икарди и Едер. Верувајте дека сум среќен поради својот избор и дојдов да освојувам титули. Поради тоа го избрав Интер, а не Јувентус“, рече Габигол, и додаде:

    „Се одлучив да го напуштам Сантос во ова лето бидејќи почувстував дека е време да пробам нешто ново. Европскиот фудбал е најдобар и знам дека ќе успеам. Уживам на секој тренинг и пробувам што повеќе да научам“.