Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот селектор Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за натпреварите во септември во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП).
Милевски повика 26 фудбалери за натпреварите, а еден од играчите кои се враќаат во репрезентацијата е Адис Јаховиќ.
„Враќањето на Јаховиќ ќе ни помогне затоа што тој е професионалец и одличен играч. По откажувањето на Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велкоски, Јаховиќ е одличен играч за да ни помогне да го надополниме тој минус“, вели Милевски.