Познат е распоредот во ЛШ, три големи дербија ќе се играат во прво коло!

Европската фудбалска унија (УЕФА) го соопшти распоредот на натпревари за новата сезона во Лигата на шампиони.

Средбата од групата Е меѓу Барселона и Баерн Минхен ќе се игра уште во првото коло, во вторник на 14 септември, а дуелот е закажан на „Ноу Камп“.

Во истиот ден одбраната на титулата ја почнува и Челси, а нивни ривал е Зенит, кој доаѓа во Лондон на „Стемфорд бриџ“.

Интер во првото коло на 15 септември ќе го пречека Реал Мадрид, а истиот ден ќе играат и Ливерпул и Милан.

Големото дерби меѓу ПСЖ и Манчестер сити е закажано во второто коло, односно на 28 септември, а домаќин е францускиот тим.