Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер јунајтед ќе мора да донесе интересна одлука за тоа кој ќе ја носи легендарната „седумка“ следната сезона, односно дали тоа ќе биде Едисон Кавани или ќе ја добие Кристијано Роналдо.
Сите знаеме дека бројот седум е заштитен знак на Роналдо, но тој број има посебна тежина и на „Театарот на соништата“ затоа што во историјата го носеа голем број легенди како Ерик Кантона, Џорџ Бест и Дејвид Беакм.
Интересно е тоа што Премиерлигата на својот официјален сајт ја додели „седумката“ на двајцата фудбалери. На профилот на играчите на Кавани и Роналдо и двајцата го имаат истиот број, но Јунајтед уште не реши официјално чиј ќе биде бројот.
Постои можност да си замине и Ентони Марсијал, па неговиот број да го добие Кавани, а бројот седум да му припадна на Роналдо, но засега ништо не е познато.