Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оливие Жиру за италијанските медуми кажа дека е горд што го носи дресот на Милан и настапува на стадионот „Сан Сиро“, откако постигна два гола на своето деби.
Французинот двапати погоди во мрежата на Каљари и така го потврди триумфот на Милан од 4-1.
„Горд сум што играм за Милан на стадионот ‘Сан Сиро’. Многу сум среќен со играта на екипата, затоа што го почнавме мечот со нашиот стил на игра“, вели Жиру.
Навивачите се надеваат дека Жиру ќе го урне проклетството на бројот девет, кој никој не го носеше со успех по заминувањето на Филипо Инзаги.
„Знам дека има нешто посебно со бројот девет, а јас верувам во моите способности и во себе“, објасни Французинот.