„Роналдо ужива во приказните дека е стар и ќе ви покаже што може!“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа дека Кристијано Роналдо не доаѓа за да седи на клупата, туку за да биде на теренот.

Во петокот беше потврдено дека Роналдо е нов фудбалер на „црвените ѓаволи“.

„Секако дека сме возбудени поради доаѓањето на Роналдо. се надеваме дека документите наскоро ќе бидат комплетирани и ќе ни се приклучи. Тој е победник и добро момче. Сите се возбудени што доаѓа во екипата“, вели Солскјер.

Роналдо претходно го носеше дресот на „ѓаволите“ од 2003 до 2009 година.

„Тој напредуваше многу од тогаш. Сигурен сум дека му се допаѓаат приказните дека е стар, ама ќе ви покаже што може. Не доаѓа за да седи на клупата“, вели Норвежанецот.