До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот капитен на Црвените ѓаволи се огласи по повод тврдењата дека во Манчестер Јунајтед стасува „новиот Немања Видиќ“.
Немања Видиќ заедно со Рио Фердинанд внесе страв во коските на напаѓачите ширум Европа.
Видиќ со своите браворузни партии и пожртвуваваност ја заработи и капитенската лента во славниот клуб од Олд Трафорд, а со време доби и статус на легенда во овој клуб.
Освои голем број на трофеи со Јунајтед, а после неговото замиување, клубот од Театарот на соништата не може да се пронајде себе.
Од големиот Сер Алекс Фергусон, смената на два тренери, Мојс и Ван Гал не успееја да ги донесат посакуваните резултати, сега сепак делува дека Мурињо може конечно да направи нешто.
Првиот потег на „Посебниот“ беше во редовите на Јунајтед да го доведе дефанзивецот на Виљареал Ерик Бејли. Многу е платен (30 милиони фунти), а се очекува да биде лидер на одбраната на тимот во наредните години.
Каиерата на Олд Трафорд добор почна, на првите три дуели во новата сезона во Премиер лигата го доби ласкавото признание играч на натпреварот, но во „кобната“ недела на Јунајтед (пораз од Сити, Фејенорд и Вотфорд) беше на удар на критики.
Сепак, во шестото коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го „прегази“ Лестер, а да не беше одличниот шут на Демерај Греј, мрежата на Давид Де Геа сигурно ќе мируваше.
Ја освои Бејли и наградата за најдобриот играч на Јунајтед во август, и делува дека Мурињо направи одличен потег со неговото ангажирање.
Почнаа одма споредбите со Немања Видиќ, а поранешниот српски фудбалер истакна дека му е„многу мило што го споредуваат“.
„Ако продолжи вака, нема сомнеж дека ќе има одлична кариера во Јунајтед. Мило ми е што го споредуваат со мене и се надевам дека ќе биде играч кој ќе направи многу добри работи за нас.
Тој е силен и сигурен на топка. Полн со самодоверба и има од се по малку. На основа на тоа што го видов во првите неколку дуели, добивме одличен играч за иднината во него и би рекол дека тоа е она што требаше.
Многу добро ја разбира играта. Веќе е големо засилување за нас“, изјави Немања Видиќ.
На крајот, поранешниот капите на Јунајтед и репрезентативец на Србија, имаше и неколку совети за талентираниот дефанзивец од БСК.
„Најважна работа за играчот на неговите години е црвсто да остане на земја. Првите неколку мечеви одигра добро и одигра одлично и доби комплименти на сите страни, но важно е да остане мирен, а и понатака да продолжи да игра како досега и да продолжи да напредува.
Доколку продолжи да игра вака и остане фокусиран, може да остане овде долги години и да помогне на тимот на пат кон успехот“, рече Видиќ.















