Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо по 12 години се врати во Манчестер јунајтед, а наскоро се очекува негова официјална промоција и таа најверојатно ќе се случи по завршување на репрезентативните обврски.
Роналдо го напушти Јувентус и со нетрпение чека да го облече црвениот дрес и да излезе на теренот.
„Како што знаете имам фантастична историја со овој клуб. Дојдов тука како 18-годишник и мило ми е што се враќам 12 години подоцна. Среќен сум и со нетрпение чекам да истрчам на теренот“, вели Роналдо.
Португалецот откри и дека најголемо влијание за неговото враќање имал Сер Алекс Фергусон.
„Фергусон е мој фудбалски татко. Ми помогна и ме научи многу работи, одигра важна улога во мојата кариера. Тој е човекот што е затоа што се вратив во Јунајтед“, кажа португалскиот фудбалер.