Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски вечерва ќе се обиде да ја запиша првата победа со македонската репрезентација.
Иако уште не е официјално, сепак речиси се знае почетниот состав за мечот против Ерменија, а Македонија ќе нападне од првата минута и ќе се обиде да освои важни три бода против денешниот ривал.
Во нападот на екипата се очекува да стартуваат Адис Јаховиќ, кој се врати во репрезентацијата, а ќе има поддршка од Дарко Чурлинов и Александр Трајковски.
Веднаш зад нив ќе игра Елмас, по што следат Барди и Спировски во средниот ред, додека во одбраната се Алиоски, Муслиу, Велковски и Ристовски, а на голот ќе биде Димитриевски.
Мечот меѓу Македонија и Ерменија се игра на „Тодор Проески“ со почеток од 20.45 часот.