Португалија го пушти Роналдо порано да се врати во Манчестер јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Португалија против Ирска (2-1).

Роналдо со тие два гола стана светски рекордер, а при прославата доби жолт картон и така ќе мора да го пропушти следниот меч против Азербејџан.

Пред мечот против Азербејџан, Португалија треба да игра против Катар, но Роналдо нема да биде во комбинација за натпреварите затоа што селекторот му дозволи да се врати порано во неговиот нов клуб Манчестер јунајтед.

Роналдо летово се врати на „Олд Трафорд“ по пауза од 12 години, откако претходно го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 2003 до 2009 година.