Интересен план: Барселона најде начин како да се ослободи од дресовите на Меси и Гризман


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона летово продаде неколку фудбалери, а меѓу тие кои го напуштија каталонскиот гигант се и Лионел Меси и Антоан Гризман.

Меси го напушти тимот, откако му заврши договорот и не можеше да потпише нов поради финансиските проблеми кои ги има Барселона.

Во последниот ден од преодниот рок каталонскиот тим соопшти дека Гризман по две сезони реши да ја напушти Барселона и да се врати во Атлетико Мадрид.

Претседателот Жоан Лапорта немаше друг избор освен да ги намали трошоците, а сега најде интересен начин и како да се ослободи од дресовите на овие двајца фудбалери кои уште се во продажба.

Продажбата на дресовите на Меси и Гризман не се одвива како што очекуваа, што е нормално, па клубот реши да ги дава по половина цена.