Нешто што не се гледа секој ден: Како да му украдете време на противникот 🎥


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Њу Ингланд Револушн ја совлада Филаделфија Јунион со 1-0 и така продолжи со одличните настапи во МЛС-лигата.

Единствениот гол на мечот го постигна Мет Полстер во 33. минута, но тоа што беше забележано во завршницата е нешто што не се гледа секој ден.

По една акција Хенри Кеслер не успеа да дојде до топката, а потоа реши да ја шутне на трибините и дополнително ја зема другата топка пред него и таа ја фрли на трибини.

Поради овој потег збеснаа фудбалерите на Филаделфија, а Алехандро прв реагираше и тргна да се пресмета со неговиот противник.

Судијата успеа некако да ја смири ситуацијата, а Кеслер доби жолт картон поради неговиот потег.