Лукаку призна: Интер ме извлече од го*на, но понуда од Челси не можев да одбијам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 Ромелу Лукаку потпиша договор со Челси и реализираше трансфер вреден 115 милиони евра, а тоа е негова втора соработка со премиерлигашот.

Лукаку не доби шанса во првиот мандат во Лондон, па сега дојде да покаже каков играч станал во претходните години.

„Им кажав на луѓето во Интер дека сакам трансфер кога ќе дојде некоја сериозна понуда. Знаев дека понудата на Челси е сериозна, па моите мисли повеќе не беа во Интер. Побарав од тренерот Инзаги да се договорат со Челси. Интер ме извлече од го*на и само поради Челси би ги напуштил“, кажа Лукаку.

По три кола во Премиерлигата, Челси е на трета позиција, а Лукаку постигна еден гол.