Роналдо ја изневерил својата вереничка со згодната Наташа – откриени се детали!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манекенката Наташа Родригез не беше позната во светската јавност, додека не реши да ја објави тајната афера која ја имала со Кристијано Роналдо.

Наташа откри дека нивниот однос почнал со допишување на социјалните мрежи, а набрзо Роналдо сакал да се видат во живо.

Оваа девојка стана позната како ѕвезда во реалити програмата „Љубов на врвот“, а сега открива детали од тајната романса со новиот фудбалер на Манчестер јунајтед.

„Роналдо ме шутна, а исто би можел да направи со Георгина. Велат дека леопардот никогаш не ја менува својата кожа, а така важи и за фудбалерите на кои жените им се фрлаат под нозе. Роналдо е одличен и Георгина мора добро да го чува. Спиевме заедно, а потоа без објаснување ме блокираше и никогаш не се јави. Ме боли тој негов потег“, вели Наташа.