Тренерот на Лас Палмас со потег го изненади Модриќ

    Лука Модриќ заигра повторно против Лас Палмас после што претходно одмораше против Виљареал.

    Хрватскиот репрезентативец, по навика, својата работа ја одработува на високо ниво и добива високи оценки, а воодушевен од неговите партии беше и тренерот на Лас Палмас кој после дуелот нешто му шепна на уво.

    Во шпанската јавност за тоа многу се зборуваше.

    Новонарите потегот на тренерот Сетиен ги заинтригира и го повикаа да открие што всушност рече:

    „Ти си феномен. Лука, среќен сум што можев да те гледам и многу уживав во тоа“, шепна тренерот на Лас Палмас на хрватскиот играч за врска и потоа додаде:

    „Во шах Модриќ би бил дама. Тој е разновиден играч и има капацитет да разбере различни варијанти на игри. Мене ме воодушевува. Ја контролира средината на теренот, ја води целата целата ситуација и ги движи сите потези на дамата во шахот“..

    Колку е Модриќ ценет во Шпанија потврдува и тоа што Иниеста изјави дека му се восхитува.