Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од седиштето на Светската фудбалска федерација (ФИФА) не брзаат со проценката на ситуацијата во Бразил поради прекинот на мечот со Аргентина, откако здравствени работници со полиција влезе да ги приведе аргентинските фудбалери кои пристигнале од Островот.
ФИФА испрати кратко соопштение за тоа што се случувало на натпреварот.
„Во овој момент може да потврдиме дека судиите го прекинаа мечот. Собираме ставови за да знаеме што се случило точно, па ќе дадеме дополнителни информации“, соопштија од ФИФА.
Проблемот се појави поради фудбалерите кои доаѓаат од Англија, а тоа се Емилијано Мартинез, Емилијано Буендиа, Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро, од кои тројца беа стартери на натпреварот.