Сидорф: Јувентус не е „гладен“, Милан и Интер се фаворити за Скудетото!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Оваа сезона ќе се води голема борба за Скудетото во Серија А, а титулата ја брани Интер, кој минатата сезона ја прекина доминацијата на Јувентус.

Легендарниот Кларенс Сидорф зборуваше за тоа кој ќе биде фаворит за титулата, а според него тоа се Интер и Милан.

„Очекувам изедначена сезона во Серија А, но мислам дека Милан и Интер имаат нешто повеќе од останатите. Ќе биде Интересно да видиме како Милан ќе се носи со враќањето во Лигата на шампионите. Јувентус е заситен, многу победуваше во претходните години. Тие секогаш се тука, но за мене повеќе шанса имаат тие што се гладни“, вели Сидорф.