Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ по 12 години и веднаш блесна на дебито за Манчестер јунајтед, кога постигна два гола против Њукасл (4-1).
Тренерот Оле Гунар Солскјер откри дека Роналдо имал говор пред натпреварот со Њукасл и ги мотивирал неговите нови соиграчи со кои сака да ја освои Премиерлигата.
„Се вратив тука поради две причини. Љубовта кон клубот е првата, а втората победничкиот менталитет кој владее во клубот. Не дојдов да бидам мажоретка! За успех сите мораме да играме со срце за Манчестер Јунајтед. Не е важно дали играте или не, секогаш треба да дават поддршка на соиграчите и да дават 100% кога сте на теренот. Тука сум за да победувам, победите носат среќа, јас сакам да бидам среќен. Вие сакате ли? Ќе го дадам најдоброто од себе, но потребна ми е и вашата поддршка. Дали сте подготовени заедно да се бориме?“, кажал Роналдо.