Горецка го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2026 година

Германскиот репрезентативец Леон Горецка го продолжи договорот со Баерн Минхен до 2026 година, откако пред неколку дена почнаа шпекулациите за неговата иднина.

Овој 26-годишен фудбалер пристигна во редовите на баварскиот гигант во 2018 година од Шалке, а претходно играше пет сезони во Бохум, каде што ги мина сите младински селекции.

Горецка е стандарден репрезентативец на Германија за која досега настапи 28 пати и запиша 14 голови. Додека за помладите селекции на Германија одигра 36 меча и постигна осум голови.

Баерн го продолжи договорот со талентираниот фудбалер и така го реши прашањето за средниот ред, а Горецка претходно имаше соработка до 2021 година.