Дополнителен поттик за Нероаѕурите: Кинезот го одврза кесето


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Сопственикот на Интер, кинескиот милијардер Жанг Џиндонг, вети 10 милиони долари награда на играчите на миланскиот клуб доколку ја освојат титулата шампион на Италија.

    Тоа значи дека на секој играч ќе припаднат по 300 000 долари.

    Интер оствари добра серија од три победи по ред која е прекината со ремито на својот терен против Болоња 1:1.

    На табелата од Серија А Интер го завзема третото место со 11 бодови, четири помалку од водечкиот Јувентус.

    Интер шампион на Италија последен пат беше во 2010 година под водство на Жозе Мурињо, кога покрај титулата ја освои и ЛШ и домашниот куп.