Тебас: Реал Мадрид никогаш нема да биде како ПСЖ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас го пофали Реал Мадрид за начинот на кој се однесувал за време на пандемијата на ковид-19 за разлика од францускиот гигант ПСЖ.

Тебас смета дека „кралевите“ се во добра финансиска состојба поради одлуките кои ги донесе во претходниот период затоа што не трошеше пари како што тоа го направи ПСЖ.

„Никој не е во банкрот во Шпанија. Ниту Реал Мадрид, ниту Барселона. Реал се однесуваше најдобро за време на пандемијата кога станува збор за платите. Тие никогаш не може да бидат како ПСЖ затоа што ПСЖ се измамници. Тие имаат буџет за плати од 600 милиони евра, што е невозможно“, вели Тебас.

Реал Мадрид победи во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) против Интер со 1-0, додека ПСЖ одигра 1-1 против Клуб Бриж.