Барселона доживеала голема финансиска загуба минатата сезона!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона денеска соопшти дека минатата сезона имале загуба од неверојатни 481 милион евра, а освен тоа на состанокот на раководството бил одобрен буџет од 765 милиони евра за оваа сезона.

Каталонскиот гигант поради финансиските проблеми не можеше да му го продолжи договорот на Лионел Меси, кој на крајот потпиша за ПСЖ.

Претседателот Жоан Лапорта кажа дека долгот на Барселона во моментов изнесува 1,3 милијарди евра, но ќе се обидат да го намалат.