Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар се обидел да го врати рускиот ракометар Данил Шишкарев, кој го носеше дресот на „црвено-црните“ од 2014 до 2020 година.
Шишкарев во интервју за руските медиуми откри дека во јануари добил понуда за враќање во Вардар.
„Повеќе опции беа во игра пред да се договорам со Чеховски Медведи, но ништо конкретно. Во јануари добив понуди од Вардар и Штутгарт, а постоеше и интерес од Динамо Букурешт. Тие понуди дојдоа после Светското првенство во Египет. Тогаш јас имав уште една година од договорот со Веспрем и немав намера да заминам“, вели Шишкарев.
Шишкарев во кариерата има настапувано и за Чеховски Медведи, токму од тој тим дојде во Вардар.