Балотели полудел откако му ја пуштиле снимката: Те молам дај ми да играм, имам одговор…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Марио Балотели оваа недела беше во центар на внимание откако го провоцираше тренерот на Бешикташ Сергеј Јалцин.

Откако го постигна првиот гол за Адана Демирспор во мечот против турскиот шампион, Балотели тргна кон клупата и го испровоцира Јалцин.

На овој потег се реши затоа што во една изјава тренерот на Бешикташ кажа дека Балотели е без мозок.

„Пријател во соблекувалната ми покажа видео на кое тој зборува дека немам мозок. Бев вознемирен и му кажав на тренерот да ми даде шанса. Имам одговор за ова. Јас немам никакви проблеми со навивачите и играчите на Бешикташ. Знам дека ме посакуваа и таму играат могу мои пријатели“, вели Балотели.